logo
logo
logo

Милан го сака Васкез, но тој бара висока плата

Vecer | 12.05.2021

Милан го сака Васкез, но тој бара висока плата

Италијанскиот Милан влезе во преговори со фудбалерот на Реал Мадрид Лукас Васкез кој летоска ќе стане слободен фудбалер меѓутоа наиде на препрека. Барањата кои шпанскиот фудбалер ги поставил се неприфатливи за „Росонерите“.

„Скај спорт Италија“ информира дека преставици на Милан директно разговарале со играчот за можноста за трансфер на „Сан Сиро“. Васкез изразил желба да го облече дресот на Милан, меѓутоа финансиските услови се препрека. Неофицијално крилниот напаѓач побарал 7 милиони евра по сезона со што би станал најплатен играч на Милан заедно со Златан Ибрахимовиќ.

Васкез кој моментално е повреден и не настапува за Реал ги чека понудите пред да одлучи каде ќе игра идната сезона. Се споменува и германскиот шампион Баерн Минхен, но не е исклучена можноста тој да го продолжи договорот со Реал Мадрид доколку мадриѓани одлучат да му го понудат тоа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk