logo
logo
logo

Милан го губи трпението со Донарума: „Росонерите“ договорија нов голман од Лил

Vecer | 23.04.2021

Милан го губи трпението со Донарума: „Росонерите“ договорија нов голман од Лил

Откако Џиџио Донарума и натаму продолжува да го оддолговлекува потпишувањето на новиот договор со Милан, „росонерите“ наводно веќе си обезбедиле ново голманско име за следната сезона.

Спортскиот директор Фредерик Масара и техничкиот директор Паоло Малдини велат дека се уште не загубиле надеж за затворање на долгите разговори со репрезентативниот голман на Италија, но во меѓувреме бараат солуција во случај договорот да пропадне.

„Калчомеркато“ тврди дека Масара и Малдини во меѓувреме, веќе постигнале договор со Лил околу ангажман на голманот на францускиот тим, Мајк Маињан.

25-годишниот голман на Лил би сакал да се пресели на Сан Сиро и со него разговорите се начелно затворени, останува да се почека затворање на трансферната сума.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk