logo
logo
logo

Михајловиќ гневен на претседателот на Болоња: Го нема 14 месеци, тоа е тажно!

Vecer | 18.04.2021

Михајловиќ гневен на претседателот на Болоња: Го нема 14 месеци, тоа е тажно!

И дефинитивно работите во Болоња, членот на Серија А не се како што треба, какви што фановите на овој клуб, посакуваат да бидат.

Дека нешто не “штима“ говори и самиот Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња, кој никогаш немал влакна на јазикот и секогаш го говори тоа што го мисли.

Тој не крие дека е гневен на првиот човек на Болоња, Канаѓанецот Ѓузепе Сапуто, кој е сопственик на МЛС клубот Монтреал.

Го нема веќе 14 месеци да дојде во клубот. Можеме да разговараме со него само кога ќе дојде. Се надевам дека има добра причина дека го нема толку долго. Во секој случај кога ќе дојде тогаш, подобро некогаш отколку никогаш.Јасно е дека е тажно за сите во клубот што го нема. Тој е прв човек и без него некои одлуки не можат да се донесуваат“ посочи Србинот на клупата на Болоња.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk