Металург во следната сезона нема да смета на Момир Рниќ. Српскиот ракометар не се снајде најдобро во дресот на тимот од Автокоманда, по една сезона се враќа во  Пролетер од Зрењанин, клубот од каде што направи трансфер токму во Металург.

Раководството на „металурзите“ веќе го градат составот за новата сезона во која одново избори излез во Европа. Токму за таа цел ја продолжија соработката со Златко Хорват, а ги потпишаа и браќата Њокас. Нов договор потпиша капитенот, Даниел Дупјачанец, а во тимот се врати Костадин Петров, останува и Василије Калуѓеровиќ.

Следната сезона во составот нема да биде македонскиот репрезентативец, Мартин Серафимов.

sportmedia.mk