logo
logo
logo

Металург расчисти уште еден должник, Струга без шанси во Автокоманда

Vecer | 08.05.2021

Металург расчисти уште еден должник, Струга без шанси во Автокоманда

Металург го искористи поразот на Охрид од Вардар и се искачи на петото место на табелата со 10 бода. Тимот од Автокоманда на списокот на должници расчисти уште едно име, на домашен терен ја совлада Струга со убедливи 35-28 (17-13).

Ова беше втор триумф за избраниците на Иван Марковски и неговите момци по Т. Пролет, вкупно трет во плеј-офот, во кој има две ремија и четири порази.

Ракометарите на Металург одиграа одлично во првото полувреме во кое одржуваа позитива од три до четири гола, на одморот беше 17-13. Во вториот дел предноста на домашниот состав растеше, 23-16 беше во 35. минут. За кратко време „металурзите“ се искачија на 25-18. На другата страна гостите беа немоќни, за нив ова беше шести пораз.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk