Лига на шампиони (ракомет)

Металург прокоцка предност од девет гола

Македонскиот ракометен вицешампион, екипата на Металург пропушти голема шанса да дојде до втората победа во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Мотор имаше позитива од девет погодоци во првото полувреме, но на крајот освои само бод (28:28)

Тимот од Автокоманда на „кормилото" повторно го немаше Лино Червар, а во Украина отпатува без Филип Кузмановски, кој поради повредата на стапалото остана во Скопје. Металург го одигра најдоброто прво и најкатастрофалното второ полувреме оваа сезона.

Избраниците на Јовиќ и тоа како за што треба да жалат бидејќи безмалку цел меч беа во водство, но на крајот влегоа во криза.

Можеше да биде и уште полошо, но во последните минути Томоски одбрани два пенали, а домаќините во последниот напад погодија пречка за победа. 

Најефикасни кај Металург беа Гуглета и Јагањац со по седум гола, Дарко Арсиќ го заврши натпреварот со 12 одбрани. Кај Мотор Запорожје прв стрелец беше Захар Денисов со седум гола.

Во следното коло на 14 октомври, Металург му гостува на тимот на Чеховски медведи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари