logo
logo
logo

Металург по вторпат поразен во Плоцк

Vecer | 16.02.2021

Металург по вторпат поразен во Плоцк

Од Плоцк, Марија Ковачева

Металург го запиша петиот пораз сезонава во Европската лига, откако беше совладан со 35-20 (16-10) на реванш дуелот со Висла Плоцк. На оваа средба во составот на тимот од Автокоманда дебитираше новото засилување, Василие Калуѓеровиќ, додека поради повреда го немаше Велко Маркоски. Тренерот Оливер Димитриоски на располагање имаше 11 ракометари, од кои тројца голмани.

Мартин Серафимов со осум гола беше прв стрелец, Милан Поповиќ запиша пет, Андреј Митиќ имаше еден помалку додека Даниел Ѓорѓески запиша девет одбрани.

За разлика од првата средба, „металурзите“ играа делку подобро во првото полувреме. Тргнаа со негатива од 6-1. Серафимов направи престап од седум метри при 3-1, на спротивната страна домаќинот поведе со 6-1. Но, избраниците на Димитриоски на средината на овој период дојдоа на 8-6 со двата гола на Серафимов. На одморот беше 16-10, Ѓорѓески имаше шест одбрани.

Висла Плоцк за неполни девет минути игра во втроиот дел дојде до водство од 23-12, максимално ги казни грешките на ракометарите на Металург. По една двоцифрена негатива, особено кога составот е преполовен тешко е за било кој тим да се врати во ритам.

На шест минути до крајот на голот на Металург застана Давид Брестовац,кој ја запиша првата одбрана. На оваа средба одмараше капитенот, Даниел Дупјачанец.

Следно гостување е во Виена, тимот од Автокоманда игра против Фиверс на 23. овој месец.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk