logo
logo
logo

Металург остана во игра за Европа, Т.Пролет демолиран во Автокоманда

Vecer | 23.04.2021

Металург остана во игра за Европа, Т.Пролет демолиран во Автокоманда

Металург одигра уште  еден одличен натпревар во рамките на плеј-офот. Ракометарите од Автокоманда беа на ниво на задачата кога беше најпотребно, му се реваншираа на Т.Пролет совладувајќи го со 29-22 (13-12) и останаа во игра за местата кои водат во Европа.

Добрата игра во второто полувреме, во кое царуваше македонскиот репрезентативец, Мартин Серафимов, беше клучна за вториот триумф во плеј-офот, мечот го заврши со шест гола сите во во второто полувреме.

Во првиот дел домашниот состав за нијанса беше подобар, поведе со три гола (6-3 и 7-4). На другата страна гостите со серија од 3-0 израмни на 7-7 воо 18 минута. Металург врати на ист начин за 10-7 по што влезе во серија на грешки, имаше и двајца исклучени ракометари. Тимот на Т.Пролет одлично го искористи овој период, со серија 5-0 за првпат поведе на мечот, во 27 минута беше 10-12. Хорват се погрижи неговиот тим на одморот да замине со минимално водство од 13-12, постигна три гола во низа.

Во вториот дел следеше со серија од 7-1 на Металург за водство од 22-15 во 46 минута.  На другата страна Т.Пролет делуваше раштимано, се изгуби целосно, па негативата стигна и на осум гола (24-16). Гостите не реализираа седум метри за да намалат на четири гола, на другата страна следеше казна.

До крајот „металурзите“ без проблем го одржаа водството и заслужено се радуваа на бодовите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk