logo
logo
logo

Металург истрча во „Олимпијскиj“ (ФОТО)

Vecer | 06.02.2021

Металург истрча во „Олимпијскиj“ (ФОТО)

Ракометарите на Металург денеска (18 часот) го играат четвртиот меч во Европската лига. Тимот од Автокоманда му гостува на Чеховски Медведи, ова е дуел меѓу двете последно пласирани екипи во групата А.

Македонскиот претставник влегува како аутсајдер, во Русија отпатува со 11 ракометари, дел во Скопје останаа поради коронавирус, па токму затоа ќе има тешка мисија во обидот да дојде до првиот триумф оваа сезона. Металург одигра три меча, има едно реми и два порази.

За двата тима ова ќе биде девета пресметка, пет меча завршиле во корист на рускиот состав, додека три ги добиле ракометарите на македонскиот тим.

„Металурзите“ утринава го одработија едниствениот тренинг во спортската арена „Олимпијскиј“ пред пресметката со Чеховски Медведи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk