СЕХА Лига

Металург го препоти Загреб

Македонскиот ракометен вицeшампион Металург, претрпе нов пораз во Регионалната СЕХА-лига. Како домаќин во СЦ „Борис Трајковски", тимот од Автокоманда загуби од ППД Загреб, со 32:26 (13:12).

На првиот меч по долго време без Лино Червар, кој е отсутен и е во Хрватска, „металурзите" одиграа меч полн со осцилации, а серијата во финишот на Загреб од 5:0 се покажа како кобна. Исто така, голем проблем беа и ударите од седум метри, кои чекаа на реализација до средината на вториот дел кога по неколку промашувања реализираше Вања Илиќ. За Металург ова е трет пораз во СЕХА, втор во низа, а во наредното коло гостува кај Мешков Брест.

Најдобар стрелец во таборот на Металург беше Халил Јагањац со седум гола, додека Анѓелиќ и Велковски дадоа по четири гола. Кај ППД Загреб одличен беше Стипе Мандалиниќ со осум гола, додека Вуглач седум пати ја затресе мрежата на тимот од Автокоманда.

Поврзани

Најнови вести

Коментари