logo
logo
logo

Металург без право на грешка, Бутел е визата за Европа

Vecer | 31.05.2021

Металург без право на грешка, Бутел е визата за Европа

Денеска ќе се одиграат три од четирите одложени натпревари во плеј-офот. Во центарот на вниманието е пресметката меѓу Металург и Бутел Скопје. Двата тима се борат за место во Европа, а според распоредот, тимот од Автокоманда нема право на грешка.

Доколку Металург сака да остане на четвртата позиција ќе мора да го добие Бутел Скопје. На овој начин ќе има 20 бода (сега има 17), пет повеќе од дирекнтиот конкурент, и во следното последно коло и со пораз од Вардар нема да се смени ништо кога станува збор за европската виза.

Што се однесува до Бутел Скопје, во овој момент има 15 бода, победа ќе им донесе 18 бода, па во следното коло и со цел од плен од Битола ќе ги прескокне „металурзите“.

На останатите две средби, во битола е братското дерби меѓу Е.Пелистер 2 и Е.Пелистер, додека Т.Пролет е домаќин на Вардар. Езерското дерби е закажано за утре, Охрид денеска го испраќа својот голман, Никола Даниловски во вечниот дом.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk