logo
logo
logo

Meси погоди, па промаши пенал - 1:1 е на полувреме во Париз (видео)

Vecer | 10.03.2021

Meси погоди, па промаши пенал - 1:1 е на полувреме во Париз (видео)

Екипата на Пари Сен Жермен поведе во дуелот со Барселона со 1:0 во 31 минута од реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Стрелец беше Килијан Мбапе од пенал откако претходно судијата свирна пенал по прекршок над Икарди. Прво судијата Антони Тејлор одмавна со рацете, за потоа по протестите на играчите на ПСЖ да ја прегледа снимката и да свирне најстрога казна. Се чини дека Ленгле невнимателно го згазна Икарди кој летна на тревникот.

Но Барса изедначи. Лионел Меси погоди за 1:1, меѓутоа се уште „Каталонците“ се далеку од пласман во следната фаза затоа што бркаат негатива од 4:1 од првиот меч.

На другата средба што се игра во Будимпешта на полувреме на мечот Ливерпул – Лајпциг е 0:0. Да потсетиме првиот натпревар им припадна на „Црвените“ со 2:0.

Во 45 минута судијата покажа пенал за Барса. Меси шутна, Навас одбрани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk