logo
logo
logo

Меси му го побара дресот, а овој се шокираше (ВИДЕО)

Vecer | 27.02.2021

Меси му го побара дресот, а овој се шокираше (ВИДЕО)

Едгар Бадиа, голманот на Елче имаше одлична вечер на гостувањето кај Барселона во заостанатиот меч од Примера. Иако неговиот тим загуби со 3:0 сепак, младиот голман беше најзаслужен што неговиот тим не прими многу повеќе голови, и не доживеа дебакл.

По мечот, Бадиа се поздрави со Лионел Меси, го побара неговиот дрес за спомен, што секако и го доби но на негово големо изненадување, Меси го побара и дресот на Бадиа за спомен што нормално чуварот на мрежата не го очекуваше.

„Да, бев изненаден од неговата реакција мора да признаам. Сепак, друго со помислив кога заврши мечот. Дека мојот тим може да се носи со најсилните, и дека можеме да обезбедиме опстанок што ни е примарна цел“ – изјави Бадиа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk