logo
logo
logo

Меси испрати критики: Фудбалот ќе биде тактичко шоу и ништо повеќе!

Vecer | 15.11.2022

Меси испрати критики: Фудбалот ќе биде тактичко шоу и ништо повеќе!

Аргентинецот го коментираше актуелниот систем на работа во фудбалот, но и фактот дека истиот не е како некогаш.

Меси зачекори во професионалниот фудбал пред две децении, а за тоа време најважното нешто на светот претрпе различни промени.

„Фудбалот многу се промени. Денес е тешко да се види играч кој има свој стил, сето тоа е слично“, рече Меси и продолжи:

„Денес од мали нозе фудбалерите се принудени да играат еден систем. Имате одреден начин на игра и се е подредено на тактички план. Многу работи се сменија. Во наредниот период фудбалот ќе биде само тактичко шоу и ништо повеќе“, изјави Меси.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња очигледно е разочаран од модерниот стил на фудбал и на некој начин го критикуваше денешното сфаќање на фудбалската игра.

Магионичарот од Аргентина моментално е член на ПСЖ, каде очигледно не е задоволен, а се зборува дури и за негово враќање во Барселона, каде ги одигра најдобрите натпревари и стана икона на клубот.

За репрезентацијата на Аргентина забележа 164 настапи и постигна 90 гола, но тие бројки наскоро ќе се зголемат за Меси да собори многу репрезентативни рекорди.

Претходно на Аргентина и ја донесе титулата во Копа Америка, но сепак сонува за Светско првенство.

Првиот натпревар на Мундијалот Аргентинците ќе го одиграат на 22 ноември против Саудиска Арабија, а во борбата за осминафиналето ќе се сретнат уште со Мексико и Полска.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk