logo
logo
logo

Меси има три услови за Лапорта, за да прифати да остане во Барса

Vecer | 02.04.2021

Меси има три услови за Лапорта, за да прифати да остане во Барса

Шпанските медиуми денеска пишуваат дека во многу скоро време, новиот претседател на Барселона, Лапорта и најголемата ѕвезда на тимот, Лео Меси ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за новиот договор, а наводно Аргентинецот веќе му дал три услови кои мора да бидат исполнети за тој да остане во клубот.

Првиот услов е клубот да донесе звучно засилување во нападот за да може да игра малку порелаксирано. Во игра се имињата на Серхио Агуеро и Ерлинг Халанд. Второто барање на Меси е играта на Барселона повторно да се базира на млади играчи од Ла Масија, а оваа сезона се покажа дека има многу потенцијал.

И, конечно, третото барање е Меси да биде во директен контакт со претседателот за да ги знае плановите и тактиките за водење на Барселона во наредниот период. Дали Лапорта ќе може да го исполни сето ова, ќе се знае наскоро.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk