logo
logo
logo

Меси го стигна Чави по број на натпревари за Барса во Ла Лига

Vecer | 13.02.2021

Меси го стигна Чави по број на натпревари за Барса во Ла Лига

Лионел Меси достигна уште еден рекорд, а уште во наредното коло и ќе го урне рекордот по број на настапи за Барселона во Ла Лига. Вечерва Аргентинецот се најде во првите 11 за мечот со Алавес што е негов 505. натпревар за Барса во првенството на Шпанија изедначувајќи се со легендарниот играч на каталонскиот клуб Чави Ернандез.

До крајот на сезоната Меси добро ќе ја „набилда“ бројката на чело на табелата.

Меси дебитираше за Барса против Еспањол на 16 октомври 2004 година, а тогаш Чави го играше 168. натпревар.

За мечот со Алавес во првиот тим се најде и 18-годишниот Илакс Мориба што е негов прв меч за Барса во шпанското првенство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk