logo
logo
logo

Меси го изгуби трпението (ВИДЕО)

Vecer | 11.02.2021

Меси го изгуби трпението (ВИДЕО)

Барселона вчера беше поразена од Севиља во полуфиналето во Купот на Кралот со 2-0. Каталонците имаа свои шанси, но не ги искористија, па ќе имаат тешка задача во реванш мечот.

По овој дуел во центарот на вниманието се најде Лионел Меси. Ѕвездата на Барселона во последно време брзо го губи трпението, а доказ за тоа е исклучувањето против Атлетик Билбао.

Многумина веруваат дека Меси требаше да биде казнет по контактот со Жоан Џордан. Аргентинецот беше сопрен од страна на фудбалерот на Севиља, Лео се обиде да му ја одзеде топката. Начинот на кој го стори тоа беше далеку од спортски, го удри со лакт во лице, но мина без казна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk