logo
logo
logo

Меси до нов рекорд - најногу голови во финалињата на Купот на Шпанија

Vecer | 17.04.2021

Меси до нов рекорд - најногу голови во финалињата на Купот на Шпанија

Лео Меси двапати ја погоди мрежата на Атлетик Билбао во победата на Барселона со 4:0 вечерва во финалето на Копа дел Реј. Со тоа аргентинскиот голгетер влезе во историјата на ова натпреварување со девет голови во 10 финалињата на Купот претекнувајќи го легендарниот напаѓач на Атлетик Билбао Телмо Зара кој застана на осум голови во четириесеттите и педесеттите години на минатиот век.

Меси го освои седмиот трофеј во Копа дел Реј со Барселона, првиот му беше во 2009 година, а потоа триумфираше во 2012, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2021 година.

Кога сме кај Меси, да кажеме и дека тој 13-та сезона по ред реализира 30+ голови во сите натпреварувања. ЛЕГЕНДА!


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk