logo
logo
logo

Мешков гостин во Скопје, Вардар само под два услови ќе стигне до шестото место

Vecer | 04.03.2021

Мешков гостин во Скопје, Вардар само под два услови ќе стигне до шестото место

Вардар 1961 денеска (18:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Мешков Брест во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите. Единствениот македонски претставник во ова натпреварување се наоѓа на седмата позиција пред оваа средба, има шанса за напредок за едно место, но патот до таму не е едноставен.

Стевче Алушовски и неговите момци ќе треба да го добијат мечот против белорускиот состав, а потоа да се молат на пораз на Порто на Никола Митревски на гостувањето кај Елверум, дуел кој се игра два часа подоцна.

На овој начин, Вардар 1961 ќе заврши на шестото место на табелата и во осминафиналето ќе вкрсти со Кил, третопласираниот тим од групата Б. Доколку не успее и не го совлада Мешков, во следната рунда Вардар 1961 го чека пресметка со Веспрем.

Дуелот во Скопје ќе почне со минута молчење во чест на Алфредо Кинтана.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk