Холанѓанецот на мета кај Ф1 гигантите

Мерцедес и Ферари во војна за Верстапен

Екипите на Ферари и Мерцедес едвај чекаат да го придобијат младиот веќе докажан талент. Не е случајно овие два тима да се откажат од услугите на своите "втори" возачи, Финците Валтери Ботас (Мерцедес) и Кими Раиконен (Ферари) и да ја искористат можноста да го донесат Холанѓанецот во своите редови

Одличните резултати оваа сезона придонесоа најсилните тимови во Формула 1 да го засилат својот интерес за холандскиот возач Макс Верстапен.

Возачот кој во саботата излезе од тинејџерскиот период, само ден подоцна ја оствари втората победа во кариерата откако триумираше на трката за Големата награда на Малезија на патеката Сепанг. Иако во Ред Бул ги има сите услови за развој, самиот истакна дека ако наскоро не добие поконкурентен болид и тим воопшто, не му претставува проблем да си замине оттаму.

Поради тоа во екипите на Ферари и Мерцедес едвај чекаат да го искористат таквиот расплет на настаните и да го придобијат младиот веќе докажан талент. Не е случајно овие два тима да се откажат од услугите на своите "втори" возачи, Финците Валтери Ботас (Мерцедес) и Кими Раиконен (Ферари) и да ја искористат можноста да го донесат Холанѓанецот во своите редови. Двата тима немаат проблем да му понудат богати договори кои можат да достигнат и 20 милиони фунти годишно со што Верстапен ќе стане еден од најплатените возачи во светот, за разлика од моменталната плата која изнесува пет мил. фунти.

Се претпоставува дека во моментов Мерцедес има мала предност, бидејќи таткото на Макс, Јос е близок пријател со шефот Тото Волф. Освен тоа, во Ферари може да излезе проблем бидејќи Себастијан Фетел таму е прв возач без конкуренција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари