logo
logo
logo

Менди во финишот обезбеди победа за Реал во Бергамо (видео)

Vecer | 24.02.2021

Менди во финишот обезбеди победа за Реал во Бергамо (видео)

Првиот историски дуел помеѓу Аталанта и Реал Мадрид заврши за најуспешниот европски клуб. Реал победи со 1:0 со голот на Менди во 86 минута од натпреварот.
Аталанта, сензацијата од Италија не успеа да го турне големиот ривал. Од 17-тата минута имаше играч помалку поради директен црвен картон на Фројлер. Тоа му ја олесни задачата на Реал кој дојде десеткуван поради повреди на неколку првотимци.
Оваа победа го приближи Реал до четвртфиналето. На Аталанта ќе и треба многу среќа и добра игра за да триумфира на „Сантијаго Бернабеу“ на реваншот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk