logo
logo
logo

Мекларен со СПЕЦИЈАЛНА шара во Монако

Vecer | 18.05.2021

Мекларен со СПЕЦИЈАЛНА шара во Монако

Мекларен потпишаа повеќегодишен договор со Гулф Оил во Хули откако претходно соработуваа од 1968 до 1973 година, а и на Ле Ман во 1990-тите.

Историските бои на Гулф, светлосина и портокалова, се историски поврзани со болидите и сега ќе бидат на болидите на Даниел Рикардо и Ландо Норис. Кацигите на двајцата возачи ќе бидат во боите на партнерот Минд.

- Мајк Џонс и јас се познаваме веќе некое време. Одамна сакаме да направиме вакво нешто бидејќи боите на Гулф се легендарни. Побаравме од дизајнерсиот тим да направат нешто посебно и тие го испорачаа тоа, изјави Зек Браун.

Боите ќе бидат прикажани на првиот тренинг во Четврток.

- Тоа што го направивме со Мекларен во јули кога се уште бевме во локдаун, сфативме дека социјалните медиуми се вистинскиот избор. Имаме фанови кои прават сами шари и ни ги праќаат лично мене и на Зек. Мислам дека е фер да се каже дека и еден од возачите сакаше ова да се случи. има многу историја меѓу Гулф и Мекларен, изјави Мајк Џонс од Гулф оил

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk