Мејсон Гринвуд играч на Јунајтед до 2025 година

Еден од најталентираните млади фудбалери во Англија, членот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд потпиша нов договор со тимот од Олд Трафорд со важење до 2025 година.
Тој е дете на клубот и досега нема настапувано за друга екипа освен за Манчестер Јунајтед што секако помогна во целата ситуација тој да потпише богат нов договор.
Има 19. години, а веќе има сениорски настап за својата земја, и мноштво настапи за младинските селекции на Англија.
Досега веќе има педесетина настапи за Јунајтед но сеуште има многу за докажување пред себе и пред јавноста која многу очекува од него.
sportmedia.mk