logo
logo
logo

Мега-талентот на Шкендија ќе го врбуваат да игра за Албанија, а тој е пред трансфер во Турција!

Vecer | 09.05.2021

Мега-талентот на Шкендија ќе го врбуваат да игра за Албанија, а тој е пред трансфер во Турција!

Дашмир Елези (16), мега – талентот на Шкендија со своите настапи во дресот на новиот шампион сезонава го привлече внманието  на пошироката јавност, и не само во Македонија.

Токму затоа, како што дознаваме, денеска на стадионот во Ѓорче, каде што се игра мечот Македонија ЃП – Шкендија, гости ќе бидат внукот на претседателот на Фудбалската федереција на Албанија, Арманд Дука и претставник на Теута од Драч. Тие доаѓаат со намера да го кандисуваат или врбуваат младиот Елези да игра за репрезентацијата на Албанија, или барем да го остварат првичниот контакт, да видат какво е расположението кај него, неговиот клуб и неговото семејство околу ова прашање.

Инаку Елези е член на младата селекција на Македонија, онаа до 17 години.  Имено младиот напаѓач само што наполни 16 години, тоа беше во ноември минатата година, доби шанса да игра во ПМФЛ и на своето деби постигна гол. Тој е најмладиот стрелец во историјата на ПМФЛ, а потоа следуваа уште четири голови.

ЕЛЕЗИ Е ИНТЕРЕСЕН ЗА ФЕНЕРБАХЧЕ И ГАЛАТАСАРАЈ…

Исто така дознаваме дека за Дашмир Елези силно биле заинтересирани најголемите клубови во Турција, пред се Галатасарај и Фенербахче. Деновиве, откако ќе заврши првенството, би требало да има и првични преговори и разговори за негов евентуален трансфер, но секако дека е уште е рано да се даваат заклучоци, пред се дали навистина е време, токму сега, на само 16,5 години Дашмир да прави трансфер во некој голем клуб како Фенер и Галатасарај.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk