Јасмин Мециновиќ и попладне беше стрелец за својот тим Струга Трим Лум. Токму со неговиот гол постигнат во 44.минута, и тоа со глава, стружани славеа среде Велес, победија со 1:0 и освоија големи три бода.

По оној шок во полуфиналето во Купот секако дека оваа победа добро ни дојде. Јас сум среќен што токму јас бев тој што го постигна победничкиот гол и што го освоивме целиот плен во Велес, каде ретко кој гостински тим победува. Со оваа победа и со овие три бода ние и натаму сме во игра за Европа, не се откажуваме. Има да се играат уште седум кола, сега играме два меча по ред на свој терен, ете шанса да ја намалиме таа бодовна разлика во однос на Македонија ЃП. Што се однесува до денешниот меч нема што многу да се коментира, освен дека одигравме квалитетно и дека заслужено победивме“ изјави за СПОРТМЕДИА стоперот на Струга Трим Лум.

sportmedia.mk