logo
logo
logo

Меч каков што немало: Почнаа со 7 фудбалери и држеа 0:0 се до 57. минута (ВИДЕО)

Vecer | 12.04.2021

Меч каков што немало: Почнаа со 7 фудбалери и држеа 0:0 се до 57. минута (ВИДЕО)

Синоќа во колумбискиот фудбалски шампионат екипите на Агилас и Бојака одиграа меч кој ретко се гледа. Поради повреди и инфекции со Ковид-19 екипата на Агилас мораше да истрча со само седум играчи, откако раководството на лигата не го прифати барањето на клубот за одложување на натпреварот.

Меѓу здравите играчи што тренерот можеше да ги стави во игра беа двајца голмани, па и тие заиграа со цел да не се добијат сериозни санкции ако средбата не почне. Со цел да се пополни списокот на тимот, сопственикот на клубот одлучи да го испрати и неговиот син на тревата.

И покрај сè, Агилас успеа да не прими гол се до 57-та минута. Сепак, до 77-та, веќе имаа три гола во мрежата, а две минути подоцна натпреварот беше прекинат. Причината за прекинот беше повредата на еден играч, откако Агилас остана со само шест играчи во поле.

Екипата пред почетокот на мечот беше фотографирана со натпис на кој пишуваше „Прво живот“ и „Фер плеј“, а клубот по натпреварот објави дека се горди на своите играчи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk