Мбапе со пенал ја „спасуваше“ Франција од Исланд, Шпанија го „прегази“ Велс (видео)

" alt=

Заврши „медениот месец“ за светските шампиони Франција. Моќните „триколори“ со два гола во последните пет минути успеаја да „извлечат“ 2:2 реми против неверојатниот Исланд во Генгам.

Тимот на Дидие Дешам, иако во составот ги имаше сите ѕвезди (Гризман, Погба, Мбапе, Жиру…) со кои доминантно стигнаа до мундијалскиот трофеј во Русија пред неколку месеци, беше шокиран од „викинзите“.

Фудбалерот на Астон вила, Биркир Бјарнасон со фантастичен удар од дваесетина метри го изненади Иго Љорис во 30. минута, пред Арнасон по еден корнер на Гилфи Сигурдсон да зголеми на 2:0 во 58. минута.

До крајот на мечот, домаќините прво успеаја да намалат на 1:2 со автоголот на Ејолфсон во 86. минута по фантастичната акција на Мбапе, пред тинејџерот со гол од пенал во 89. минута да ја спаси Франција од незгоден пораз.

Во Кардиф пак, Велс ја пречека репрезентацијата на Шпанија во пријателски меч и беше апсолутно декласирана со 1:4, откако Пако Алкасер ја потврди фантастичната форма со два гола во првите половина час на „Принсипалити“.

Серхио Рамос и Марк Бартра исто така беа стрелци, додека Велшаните, без повредената ѕвезда на Реал Мадрид, Герет Бејл, успеаја само да постигнат почесен гол во 89. минута преку Сем Воукс.

ФРАНЦИЈА-ИСЛАНД

ВЕЛС-ШПАНИЈА

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари