logo
logo
logo

Мбапе побарал итен состанок со првиот човек на ПСЖ

Vecer | 16.08.2021

Мбапе побарал итен состанок со првиот човек на ПСЖ

Килијан Мбапе и натаму е во центарот на вниманието. Еден од најдобрите млади фудбалери во светот по пристигнувањето на Лионел Меси во ПСЖ сака да го напушти Париз. Во овој момент не гледа доволно простор за него во редовите на францускиот тим.

„El Chringuito“ најави дека Мбапе бара итен состанок со првиот човек на ПСЖ, Насер ал Келаифи. Тој сака да си замине од клубот, неговото барање е едноставно – ПСЖ да почне преговори со Реал Мадрид.

Договорот на Мбапе е до 2022 година, па доколку раководството на клубот не го продаде следното лето тој ќе замине како слободен играч. Единствен кој веќе одамна е заинтересиран за услугите на Мбапе, но и расположен да одвои одредена сума на пари е Флорентино Перез. Првиот човек на Реал Мадрид веќе долго време се обидува да го донесе во редовите на „кралскиот“ тим, дали ќе успее ќе видиме наскоро.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk