logo
logo
logo

Мбапе ќе биде дел од француската репрезентација на ЛОИ во Токио?

Vecer | 11.05.2021

Мбапе ќе биде дел од француската репрезентација на ЛОИ во Токио?

22-годишниот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе е вклучен во прелиминарниот тим со 85 играчи за Франција кои треба да настапат на претстојните Летни олимписки игри во Токио, Јапонија.

Сепак, и покрај желбата на играчот да се појави на грандиозниот спортски настан, неговиот наастап на ЛОИ се чини неверојатен. Причина е тоа што тој сигурно ќе биде дел од „Галските петли“ на Европското првенство ова лето, по што би имал само 10 дена за одмор меѓу двата настани.

Друг важен фактор е нерешеното прашање за продолжување на договорот со ПСЖ, кој истекува во 2022 година. Во составот на олимписката фудбалска репрезентација на Франција се вметнати и Усман Дембеле (Барселона), Едуардо Камавиги (Рен), Кунде (Севилја) и Тео Хернандез (Милан).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk