logo
logo
logo

Мбапе ги шокирал во ПСЖ, па сега е на продажба

Vecer | 09.03.2021

Мбапе ги шокирал во ПСЖ, па сега е на продажба

Килијан Мбапе е на продажба, пишува „Л’Екип“. Челниците на клубот ја одредија цената за францускиот фудбалер, таа изнесува 200 милиони евра, далеку повеќе од 180. милиони евра, кои ПСЖ плати за неговите услуги пред четири години.

Причината поради која раководството на „светците“ се одлучи на ваков чекор е развлекувањето на одлуката на Мбапе околу продолжување на соработката која истекува следното лето во 2022 година.

„На последните состаноци, ПСЖ му нудеше нов договор на Мбапе на четири или пет години и плата во според новонастанатата ситуација, но Мбапе постојано бара време за размислување. Времето сега е кратко, но тоа не му значи многу“, пишува „Л’Екип“.

Во моментов постојат две причини поради кои Мбаше не сака да остане во ПСЖ. Првата е бара поголема плата од онаа која што ја има, во моментов заработува 17,5 милиони евра годишно, а за продолжување на соработката бара 35 милиони евра, со што ќе се изедначи со Нејмар и ќе биде на третото место на најплатени играчи во светот. Но, ПСЖ не може да му го даде тоа.

Втората причина е слабата француска лига, која не е вистински предизвик за него во напредокот. Неодамна постигна хет-трик проти Барселона.

Французите пишуваат дека три тима можат да го платат младиот фудбалер, а тоа се Реал Мадрид, Манчестер Сити и Ливерпул.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk