Низ „Камп-Ноу“, стадионот на Барселона во минатото минале многу играчи, познати и непознати, но Килијан Мбапе влезе во историјата со вчерашниот „хет-трик“. Тој е само третиот играч кој што успеал да постигне три гола на стадионот на Барселона.
Првите двајца се Фаустино Асприља и Андреј Шевченко. Двајцата дадоа по три гола во 1997 година. Едниот за Њукасл, вториот за Динамо Киев.
После 23 години, се појави Мбапе и му даде „тројка“ на Барса.
sportmedia.mk