logo
logo
logo

Матеус: Баерн мора да одлучи, или Салихамиџиќ или Флик, двајцата не се трпат

Vecer | 06.04.2021

Матеус: Баерн мора да одлучи, или Салихамиџиќ или Флик, двајцата не се трпат

Поранешниот германски фудбалер, а сега актуелен кадидат и за селекторското место во германската репрезентација, Лотар Матеус (60) вели дека Хасан Салихамиџиќ и Ханси Флик нема да можат да работат заедно во иднина.

Веќе подолго време има напнати односи меѓу спортскиот директор и тренерот на Баерн, што неодамна и самиот Флик го призна, кога рече дека во еден момент дури и му рекол на Салихамиџиќ да „замолчи“, но подоцна се извини.

Матеус верува дека еден од нив ќе си оди уште ова лето, а близу до заминување е Флик, кој му е противкандидат на Матеус на патот кон кормилото на Бундестимот.

„Според мене, престојот на Флик е само обична формалност. Изјавите дадени од Ханси и Оливер Кан во текот на викендот само сугерираат дека воопшто не е јасно дека Флик ќе остане тренер и следната сезона. Напротив. Не верувам дека тој ќе продолжи да соработува по оваа сезона. Откако никој од клубот не даде јасна изјава за останувањето на Флик во Баерн до крајот на неговиот договор во 2023 година, одлуката ќе биде или останување на Салихамиџиќ или Ханси“, тврди легендарниот фудбалер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk