logo
logo
logo

Матеу Лахос ќе суди на дербито во Барселона

Vecer | 06.05.2021

Матеу Лахос ќе суди на дербито во Барселона

Одреден е судијата кој ќе ја дели правдата на големото дерби помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид кое се игра викендов. Поточно в сабота со почеток од 16:15 часот. Тоа е Матеу Лахос кој на Барселона и е многу добро познат од минатото. За што поточно станува збор.

Тоа беше судијата кој судеше токму на мечот Барлесона – Атлетико Мадрид во 2014 година кога на Лионел Меси му поништи чист гол, за да потоа мечот заврши 1:1 и со тој освоен бод клубот од Мадрид стана шампион.

Овој ист судија требаше да го суди и последното Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид одиграно пред еден месец но поради повреда беше заменет.

Како што е познато, ова е дуел кој директно одлучува за титулата. Атлетико има два бода предност на табелата, со евентуален триумф Барса се искачува пред него, од друга страна се следи Реал Мадрид кој има исто бодови како и Барселона но и дуел со незгодната Севиља која е четврта.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk