Маскирани хулигани со секири против навивачи на Ливерпул во Киев (ВИДЕО)

Навивачите на Ливерпул кои пристигнаа нешто порано во Киев за да го запознаат градот пред финалето од ЛШ се соочија со огромни проблеми по хаосот што настана во ресторан во центарот на главниот град.

Еве, британските медиуми јавуваат дека навивачите на Ливерпул биле нападнати од украински хулигани, кои влетале во ресторанот и почнале да ги тепаат.

„Почнаа да летаат маси и столици, насекаде имаше стакло. Не стануваше збор за никаква провокација, бидејќи ние само седевме и ручавме, бевме десетина кои си ја гледавме својата работа. Тие влетаа, точно знаеја што прават и налетаа на нас како глутница од кучиња. Не дојдовме овде за вакви работи, само сакаме да гледаме фудбал, да навиваме за Ливерпул" – коментираа британските фанови, додека украинската полиција веднаш уапси неколку лица вмешани во инцидентот.

Извор: ливерпулехо

Поврзани

Најнови вести

Коментари