logo
logo
logo

Маскерано го облече дресот на Барселона.... од Еквадор!

Vecer | 13.02.2021

Маскерано го облече дресот на Барселона.... од Еквадор!

Поранешниот аргентински репрезентативец Хавиер Маскерано беше гостин на еквадорската Барселона по повод презентацијата на дресовите за новата сезона. „Жолта ноќ“ како што ја нарекоа раководните луѓе на Барселона од Гвајакил, Маскерано го облече дресот на овој популарен еквадорски клуб кој го дели истото име со шпанскиот гигант.

Маскерано освен што го промовира новиот дрес на Барселона утре вечер ќе одигра и пријателски меч против градскиот ривал, тимот на 9 октомври.

Ова од 2016 стана традиција во Барселона, а е добар потег од маркениншка гледна точка. Претходно на „Жолта ноќ“ како членови на Барселона учествувале Роналдињо, Дел Пјеро…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk