logo
logo
logo

Маската на Буба и “затворот“ на Ристовски!

Vecer | 10.06.2021

Маската на Буба и “затворот“ на Ристовски!

Со натчовечки напори на докторскиот тим во репрезентацијата, бргу беше санирана незгодната повреда на Ферхан Буба Хасани во пределот на носот, добиена на контролниот меч со Словенија. Буба сега е добро, редовно си тренира, но под маска.

Истата не му пречи да го одработи тоа што се бара од него и да се надева дека на мечевите со Австрија, Украина и Холандија ќе добие шанса да ги искаже своите квалитети.

Од друга страна пак заменик капитенот Стефан Ристовски се пожали дека во базата на нашата репрезентација, во еден од елитните хотели во Букурешт тој се чувствувал како во затвор. Со оглед на ковид – протоколите, никој не смеел да излегува од хотелот, дека знаеле само за хотел – тренинг – хотел, но и дека тоа било оправдано ако се знае дека ова е ЕП. Ако се знае што се мораа да направат нашите херои да стигнат на ЕУРО 2020.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk