logo
logo
logo

Мартин Велковски: Да се покажеме во вистинско светло!

Vecer | 26.02.2021

Мартин Велковски: Да се покажеме во вистинско светло!

Мартин Велковски, ракометарот на Е. Пелистер се надева дека на утрешниот меч во Битола со Татран Прешов од Словачка, во рамките на СЕХА лигата, по повредата ќе биде максимално подготвен.

„Очекував порано да се вратам од повредата. Сè уште заздравувам и влегувам во ритам и се надевам дека ќе бидам максимално спремен против Татран Прешов и дека ќе се вратам на нивото на кое што бев пред повредата. Одложувањето на натпреварот против Рајн Некар Левен ни отвори шанса повеќе да се спремаме за Словаците. Се подготвуваме за нивниот целокупен тим, сепак доаѓаат со играчите кои го влечат товарот во екипата. Ги анализиравме добро и се надевам дека ќе се покажеме во вистинско светло, бидејќи натпреварот е многу важен за нас, за да го осигураме второто место во групата во СЕХА лигата“, заврши ракометарот на Е. Пелистер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk