Вечерва од 20:45 часот на Арената во Скопје, Македонија го дочекува Лихтенштајн, репрезентацијата кој е редовен “пациент“ и која секако дека треба да се добие. Гостите синоќа тренираа на Аренана, а свој коментар за тоа што очекува од овој меч даде Мартин Штокласа, селекторот на Лихтенштајн.

“Ќе се обидеме да се надигруваме со Македонија, за нас не е непознаница. Признавам дека малку сме уморни. Долго време играчите немаа натпревари, а сега треба да одиграат три за шест дена. Тоа навистина е голем предизвик во физичка смисла. Секако, ова е вонредна ситуација, па така мора и да се однесуваме“ истакна Штокласа.

Максимилијан Гепел, дефанзивецот на Лихтенштајн пак даде свое видување за тоа што очекува од вечерашниот меч.

“Да, се осеќа заморот, но тоа мора да го пребродиме и да оиграме уште еден натпревар на високо ниво како што беше тоа со Ерменија. Очекувам и со Македонија да одиграме исто така квалитетно“

sportmedia.mk