logo
logo
logo

Марсело нема да игра против Челзи поради локалните избори во Мадрид!?

Vecer | 28.04.2021

Марсело нема да игра против Челзи поради локалните избори во Мадрид!?

Несекојдневна ситуација во таборот на Реал Мадрид. Искусниот Марсело кој има регулирано статус на граѓанин на Шпанија, е одбран да биде контролор на локалните избори во Мадрид. Се би било тоа во ред, ако истите не се случуваат на 5 мај,  ден пред одигрувањето на реваншот од полуфиналето од Лигата на Шампионите во Лондон.

Тој е одбран по случаен избор, компјутерски и менување на распоредот не е можен. Засега од клубот не ја коментираат ситуацијата но јасно е дека Марсело не може да тргне заедно со останатиот екипаж за Англија.

Единствено можно е Марсело по завршувањето на обврските да се упати сам за Лондон во сопствена режија но не се знае дали англиските власти тоа ќе го дозволат.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk