Една титула помалку оваа сезона за пребогатиот тим на ПСЖ.Имено уште во 1/8 финалето во Купот на Франција, “светците“ се елиминирани и тоа вечерва и тоа од вечниот ривал Марсеј. Да потсетиме дека  ПСЖ настапи без повредениот Мбапе, но затоа тука беа Меси и Нејмар.

Домашните на овој натпревар, кој се играше на “Велодром“ пред 65.000 гледачи, поведоа со голот на Санчез и тоа од пенал во 31.минута.

Гостите од Париз израмнија со голот на Серхио Рамос во 45+2.минута од првото полувреме.

Во вториот дел Марсеј успеа да дојде до победата и тоа со прекрасниот гол на Малиновски во 57.минута.


sportmedia.mk