logo
logo
logo

Маркоски пред Магдебург: Штета што нема да има публика

Vecer | 22.03.2021

Маркоски пред Магдебург: Штета што нема да има публика

Е. Пелистер утре на домашен терен го пречекува Магдебург во првиот меч од осминафиналето во Европската лига.

Битолчани ја прифаќаат аутсајдерската улога, но најавуваат жестока битка, секоја шанса за изненадување максимално ќе ја искористат.

“Секој натпревар со бундеслигаш е голем натпревар. Штета што нема публика да биде поинтересно? Ќе дадеме сè од себе да извелечеме добар резултат во Битола, па во реваншот ќе се бориме колку што можеме.

Секако дека Германците се фаворити, ние ја имаме улогата на аутсајдери и наше е да покажеме дека тоа не е така. Карактеристиките за нивниот најдобар ракометар Безјак ни се познати. Добро влече полуконтра и игра еден на еден, така да ќе се обидеме да го затвориме. Голема улога во играта на Магдебург има и десниот бек со шутевите од надворешните позиции”, изјави Никола Маркоски.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk