Синоќа во центарот на вниманието беше дуелот од Копа Либертадорес помеѓу екипите на Бока Јуниорс односно Атлетико Минеиро во кој бразилскиот состав беше подобар по подоброто изведување на пеналите.

По крајот на мечот, во подтрибинскиот простор се случи вистински хаос, кога двата табора решија да се пресметаа физички. Во еден момент, ветеранот Маркос Рохо зеде ПП апарат во рацете и реши со него да се пресметува со „непријателот“. На среќа на сите, реагираа членовите на двата стручни штаба и ја смирија ситуацијата.

sportmedia.mk