По цели 19 месеци Марк Маркез успеа да слави на една Мото ГП трка.

Шпанецот прв мина на целта на трката за големата награда на Германија, која се возеше на патеката „Сахсенринг“.

Искусниот возач кој има грст титули зад себе се искачи на врвот на пиедесталот, и ги остави зад себе Мигел Оливеира, односно Фабио Квартараро.

 

sportmedia.mk