Јасно е дека ова е најголемиот пораз во кариерата на Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид. Дон Флорентино ни во сон не можеше да претпостави дека за само 48 часа проектот „Суперлига“, во кој тој беше еден од водечките луѓе, ќе доживее крах.

Дури и една “Марка“, која отсекогаш важела за блиска до Реал и до Перез, на денешната наслона страна има интересен наслов – SUPER RIDICULO, или во превод СУПЕР СМЕШНО.

Се наведува дека место СУПЕРЛИГА сега имаме СУПЕР СМЕШНО.

sportmedia.mk