logo
logo
logo

Марка: Реал, Барса, Атлетико и Јуве ќе ги тужат Англичаните за „убиство“ на Суперлигата

Vecer | 21.04.2021

Марка: Реал, Барса, Атлетико и Јуве ќе ги тужат Англичаните за „убиство“ на Суперлигата

Дебакл на Суперлигата само два дена откако беа објавени сите детали. Реал, Милан, Арсенал, Челзи, Барселона, Јувентус, Ливерпул, Сити, Јунајтед, Тотенхем потврдија дека ќе бидат дел од затвореното европско натпреварување за најбогатите 20 клубови, кое пак ќе ја уништеше Лигата на шампиони. Оваа информација го потресе светот на фудаблот.

Два дена подоцна сликата се смени, Суперлигата ја напуштија сите англиските тимови и Интер, а се очекува тоа да го стори и Милан.

Преостанатите тимови како Реал, Барса, Атлетико и Јувентус или четвртина од основачите, останаа без половина од партнерите, но не се откажуваат.

„Марка“ објави дека: Реал, Барса, Атлетико и Јувентус ќе ги тужи Јунајтед, Сити, Челзи, Тотенхем и Арсенал, бидејќи натпреварувањето кое требало да го промени фудбалот го уништиле за 48 часа по неговото создавање.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk