Еден од највлијателните светски спортски медиуми, шпанска Марка денеска на насловната страница објави опширен и содржаен текст околу иднината на Лионел Меси.

На оваа тема веќе извесен период сериозно се шпекулира и медиумите од петни жили се обидуваат да дојдат до вистинската и проверена информација. А таа е дали Лионел Меси по речиси дваесет години поминати во дресот на Барселона летово ќе си замине од Ноу Камп.

До пред извесно време тоа беше и тоа како реална опција пишува Марка. Сепак, во меѓувреме се сменија неколку битни нешта. Од Барселона си замина омразениот претседател Бартомеу, со коог Меси немаше ни малку добри односи. Следниот претседател на Барселона ќе биде избран за осум дена и првата работа која што тој ќе ја направи секако дека ќе биде состанок со Меси и старт на преговорите за негово останување.

Како втора многу битна работа е фактот што Лионел Меси е исклучително лут на водечките луѓе на ПСЖ кој упорно тврдат дека ќе го доведат, вели Марка. Дотолку повеќе што на насловнитер страници на Л‘Екип неколку пати се појави Меси со дрес на ПСЖ, што аргентинецот посебно го изнервирало.

Марка тврди дека е во контакт со блиски луѓе со Меси и до неговото семејство, и вели во текстот дека Лионел Меси и неговиот татко кој е главен за водење на неговата кариера, ги одбиле сите повици од менаџерите кои им нуделе некаков дил, а особено што неговиот татко веќе долго време е во Аргентина, па сериозен контакт и состанок што се вели „очи во очи“ не бил и можен.

Марка сево ова го пишува во денешниот број за да поентира со фактот дека многу е веројатно дека Лионел Меси на 34 години нема да сака да ја менува средината и дека ќе остане во Барселона.

Со нагласок дека од управата ќе бара клубот веднаш да се врати на шампионските патеки, да се доведат сериозни засилувања и да се биде конкурентен во Европа.

Кун Агуеро и Вајналдум на лето се бесплатни и се многу веројатно новите засилувања на Барселона, а оние за кои Барса ќе мора серизно да плати, а ги посакува се Матијас Де Лихт и Ерлинг Халанд.

sportmedia.mk