logo
logo
logo

Мариус Линдвик победник на скоковите во Закопане

Vecer | 16.01.2022

Мариус Линдвик победник на скоковите во Закопане

Норвешка победа во скијачките скокови од Светскиот куп што денеска се одржаа во полскиот Закопане. Мариус Линдвик е победник што е негова втора победа по ред по онаа во Бишофсхофен пред една недела.

Линдвик имаше скокови од 135 метри и импресивни 139,5 метри што беа доволни за 294,6 поени во конечниот поредок. Втор е Карл Гајгер со 10  поени помалку, а трет Словенецот Анже Ланишек со 10,9 поени помалку.

Во топ 5 се уште Рују Кобајаши, победникот на Новогодишната турнеја и лидер во генералниот пласман, а петтото место го освои Австриецот Даниел Тшофениг.

Како потсетување вчера се одржаа тимските скокови во Закопане, а Словенија триумфираше во состав: Кос, Превц, Зајц и Ланишек.

Втора беше Германија (Фројнд, Лејне, Ајсенбихлер, Гајгер), а трета Јапонија (Сато, Накамура, Јунширо Кобајаши и Рују Кобајаши).

Следно на програмата се скоковите во германски Титизе-Нојштад на 22 и 23 јануари (двојна програма).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk