logo
logo
logo

Мањан пристигна во Милан на потпис со „Росонерите“

Vecer | 25.05.2021

Мањан пристигна во Милан на потпис со „Росонерите“

Откако ја освои титулата со тимот на Лил во Франција, 26. годишниот голман на овој тим Мајк Мањан се качи на авион и денеска е веќе во Милано каде што потпишува договор со тимот на Милан.

„Росонерите“ за негов трансфер платија неверојатни 13 милиони евра плус бонуси, што за шампионски голман кој сезонава 21. пат одбрани „чиста“ мрежа е навистина неверојатно.

Мањан потпишува до 2026 година за 2.8 милиони евра по сезона, а во моментов  е „само“ резерва на Џиџи Донарума. Тој пак сеуште не знае дали ќе остане во Милан, затоа што финансиските побарувања кои ги има тој но и неговиот агент Мино Раиола се мегаломански.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk