ОД МАНЧЕСТЕР ВО МИЛАНО

Мангала како дефанзивен столб

Трофејниот италијански стручњак сака прво да го позајми поранешниот фудбалер на Порто и Валенсија, а потоа да го откупи неговиот договор со понуда не помала од 20 мил. евра

Проблемот кој го има со дефанзивната линија, предводникот на италијанскиот калчо гигант Интер, Лучијано Спалети, сака да го реши со ангажирање на францускиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Елиакуим Мангала.

Трофејниот италијански стручњак сака прво да го позајми поранешниот фудбалер на Порто и Валенсија, а потоа да го откупи неговиот договор со понуда не помала од 20 мил. евра.

Централниот дефанзивец редовно ја грее клупата за резервни фудбалери и сигурно ќе ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Поврзани

Најнови вести

Коментари