Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане ја оцени оваа сезона најлоша во неговата кариера. Во претходните три африканскиот напаѓач постигнуваше најмалку по 20 голови, а оваа стигна само до 14 погоди. Не знаејќи ја причината за слабата форма, тој дури одел на тестирања за да види да не има некаков здравствен проблем.

Не можам да ви кажам во што е проблемот. Ни самиот не знам. Дури отидов на тестирања за да видам да не имам некаков здравствен проблем. Се прашував и да не е до исхраната. Но резултатите беа во ред. Едноставно треба да го прифатам тоа дека во животот има подеми и падови. Оваа сезона доживеав пад, се надевам дека идната ќе биде подобра“, изави Мане за „Канал плус“.

sportmedia.mk